Фотографијата од австралискиот фотограф Ворен Ричардсон, на која се прикажува како на светлина од месечина во вечерните часови мигрант пренесува бебе под ограда со бодликава жица на границата меѓу Унгарија и Србија, ja освои престижната награда „Ворлд прес фото“ („World press photo“) за 2015 година, пренесува БТА.
Ричардсон ja направил фотографијаta на 28 август во близина на граничниот премин Риоске во Унгарија, кога имигранти се обиделе да ја преминат границата од Србија пред унгарските власти да го завршат издигнувањето на безбедносната ограда.
Членот на жирито Вон Волас ја оцени фотографијата како „неверојатно моќна визуелно, која поседува и многу нијанси“.
Според него, фотографијата „те тера да престанеш да го гледаш лицето на мажот и да го гледаш бебето. Ја гледаш острината на жицата и рацете, кои се подадени во мракот“.