(ВИДЕО) Се додека Груевски ветува пари и мерки, нема одвојување на партијата од државата

Од:

Со покренувањето на случајот „Титаник“ излезе на виделина злоупотребата на државните институции и нивните овластувања со цел владејчката партија да остане на власт. Во Анализата на невладиниот сектор за досегашното спроведување на договорот од Пржино се констатира неисполнувањетоа на обврската за одвојување на државата и партиите на власт.

– Во праксата свесни сме и гледаме дека поранешниот премиер и претседател на ВМРО – ДПМНЕ, Груевски не престанува да настапува како шеф на владата, тој непрестано како шеф на министрите, имаше и брифинг со министрите и со градоначалниците, прави планови како ќе се троши буџетот, дава ветувања во име на инситуциите. Значи, јасно става до знаење дека ништо не се променило, или дека барем суштински ништо не е променето. Тоа е дефинитивно во спротивност со концептот на одвоеност на партијата од државата и оди на линија на она што сме го слушмале во прислушкуваните разговори – дека ќе постојат партиски штабови во државните инстиуции, вели Бојан Маричиќ од Македонскиот центар за европско образование.

Уште една дополнителна препорака на невладиниот сектор е итно да се суспендира законот за привремените вработувања во јавната администрација во траење.

– Во февруари минатата година, точно кога почна ескалацијата на политичката криза, владата предложи, а собранието усвои закон со кој што привремените вработувања по итна постапка, без никаква посериозна процедура привремените вработувања се трансформираа во постојани вработувања во јавната администрација. Практично, овозможување на масовна регрутација на партиската војска во јавната администрација и токму затоа беше експлицитно побарано во итните реформски приоритети, тој закон да биде суспендиран, а уште поесплицитно беше мобјавено од владините функционери дека законот нема да биде суспендиран, додава Маричиќ.

Се додека тој закон не се укине и не се преземат конкретни чекори за казнување на оние што ги злоупотребиле јавните овластувања за партиски цели. тешко дека може да се зборува за одвојување на државата и партијата особено во предизборниот период.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“

Единствена Русија прогласи победа на регионалните избори

Кремљ ги отфрли обвинувањата на Вашингтон за мешање во претседателските избори во САД

Бугарија оди на седми избори во последните три години: „Ова е деструктивно“

Горан Наумовски

Подгорица оди на вонредни избори

Нацистички ловец во Франција ги советува Евреите да гласаат за екстремната десница

Горан Наумовски