Јануари 2016 најтопол прв месец во годината откако се вршат мерења на температурата

Од:

Месец јануари во 2016 година е најтоплиот прв месец во годината, откако се вршат мерења на температурата од крајот на 19 век, соопшти Националната управа на САД за океани и атмосфера.

Глобално просечната температура на земјината и океанската површина е за 1,04 степени Целзиусови над просечната за 20 век. Така јануари е најтоплиот прв месец во годината од 1880 и го урива претходниот рекорд од 2007 година.

Јануари 2016 е деветтиот последователен месец, во кој просечната температура го урива месечниот рекорд, што е нов показател за глобалното затоплување, наведува Управата.

Во целина 2015 е најтопла откако се вршат мерења на температурата, а декември во 2015 е најтоплиот последен месец од годината во последните 136 години.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

ЕСА разгледува можност за пренос на енергија од вселената на Земјата

А1он

Научна студија: Никаде на Земјата дождовницата не може да се пие

Ана Ололовска