(ВИДЕО) ЗНМ И ССНМ: Бараме укинување на владините реклами

Од:

Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат повторно го искажаа цврстиот став дека е неприфатливо одлагање на укинувањето на владините реклами во медиумите, бидејќи, како што велат, тоа е една од главните причини за контролирани и непрофесионални медиуми.

– Имаме одредени шпекулации дека на маса е некој вид на легализирање на овој вид на владини реклами со можност во некое догледно време да се укинат. Ако веќе политичките партии дошле меѓу себе до таква согласност дека владините реклами треба да се прекинат, тогаш ние им сугерираме тоа да го направат веднаш, не со одлагање, затоа што влијанието и штетата што рекламите ја имаат врз слободата на медиумите во Македонија е многу голема, вели претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.

Тие го повикуваат медијаторот Ванхауте да не дозволи со негов потпис решенија кои ќе создадат погрешна слика на македонската јавност, дека нешто се менува во сферата на медиумите, а всушност се ќе остане исто.

Претседателката на ССНМ, Тамара Чаусидис смета дека преговорите за медиумите само ја покажуваат драматичната слика во која се наоѓаме.

– На новинарите им е одземено новинарството, а на јавноста и се одземени медиумите. Фактот дека преговорите запнуваат кај рекламите за кои имаме информации дека сега се случува, говори каде лежи зајакот, каде лежи интересот на оние кои што се претставуваат како заштитници на јавниот интерес, вели Чаусидис.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

ЗНМ и ССНМ реагираат за начинот на постапување на полициски службеници кон новинари во пелагонискиот регион

Предраг Петровиќ

ССНМ бара зголемување на минималната плата како начин за зачувување на слободата на медиумите и дигнитетот на новинарите

ССНМ предупредува на непрофесионалниот однос на организаторот кон новинарите на прославата на Илинден на Крушево

Катерина Ѓуровски

ССНМ бара Македонија да реагира и да помогне во спречувањето на хуманитарната катастрофа во Газа

Нападната екипата на ТВ Алсат кај пожарот во Визбегово

ССНМ: Апелот на Министерството за здравство претставува потенцијална цензура