На трите натпревари од најсилната светска клупска кошаркарска лига – НБА одиграни ноќеска победи остварија екипите кои играа на домашен терен.
Чикаго го совлада Орландо со 99:93, откако ја доби последната четвртина со 31:23. Ноа постигна 20 поени и 9 скока, Денг 23 поени и 8 скока. Во екипата од Флорида АронАфлало28 поени.
Оклахома Сити беше убедлива против Торонто 108:88, а предноста ја обезбеди по првиот дел, кој го заврши со 57:38, додека на третиот натпревар Денвер го победи Детроит со 109:97.
Вечерва се играат 13 натпревари, а двојките се:
- Шарлот – Феникс
- Бостон – Вашингтон
- Атланта – Индијана
- Мајами – Бруклин
- Милвоки – Мемфис
- Њу Орлеанс – Филаделфија
- Хјустон – Денвер
- Минесота – Орландо
- Далас – Торонто
- Јута – Лос Анџелес Лејкерс
- Сакраменто – Детроит
- Лос Анџелес Клиперс – Сан Антонио
- Голден Стејт – Кливленд.