За 24 часа издадени 234 потврди на мигранти

Од:

Изминатите 24 часа издадени се потврди на вкупно 234 странски државјани, од кои 97 од машки и 51 од женски пол, како и на 78 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и осум деца кои патувале без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил, соопшти МВР.

Според државјанството, најмногу се издадени потврди на државјани на Сирија, 82, потоа на 56 државјани на Авганистан и на 96 државјани на Ирак.

Од 1 јануари до вчера издадени  се потврди на 81.404 странски државјани, од кои 32.499 се од машки пол, 17.631 се од женски и 31.089 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 185  деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-39.272, Авганистан-25.587 и Ирак-16.542.

Вчера до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Според МВР, од почетокот на годинава до вчера до Секторот за азил барање за признавање право на азил поднеле десет лица (седум од Авганистан и три од Сирија) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за вчера евидентирани се вкупно 11 баратели  на азил од кои осум мажи, една жена и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, еден маж, една жена, пет малолетни деца со придружба на старател, пет малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

Орбан се закани дека ќе ги однесе мигрантите во Брисел ќе ги остави пред канцелариите на ЕУ

Трамп: Веднаш ќе ја запрам инвазијата на мигрантите во Америка

A1on

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Грчката крајбрежна стража пукала во брод со мигранти, загинал маж

Се преврте чамец со мигранти на Дрина, пронајдени 10 тела, меѓу нив бебе и мајка

Пронајдени се седум тела на мигранти кои се удавија во Дрина при обид да преминат во БиХ