ОМ: Законот треба да важи подеднакво за сите

Од:

ОМ со голема резервираност гледа на професионалноста и самостојноста на судиите вклучени во случајот „Титаник“. Игнорирањето на барањето на СЈО да се изрече мерката притвор за лица осомничени за Злосторничко здружување, зборува дека се нема доволен капацитет да застане на патот на криминалната власт.

Без оглед дали се работи за страв или одработување за подарени судијски и функционерски столчиња, согласно тефтерчето на прво осомничената Гордана Јанкуловска, упатува на евентуална и можна директна поврзаност со Злосторничката група, велат од партијата.

Но, како и да е, процесот веќе се отвори, тече и ќе се чека на финалето, на пресудата.
Но, многу болна е компарацијата на овие обвинети, со оние од претходните процеси при истиот суд.

Предлагаме укинување и на притворот за лицата кои сега се во затвор, за дела кои се под нивото за Злосторничкото здружување.

Законот треба да важи подеднакво за сите.

Не смее да се привилегираат поединци и групи, кои 24/7 работат на штета на сите граѓани и деструктивно делуваат на целокупниот систем и државата.

Мора правдата да биде приоритетот за секој од нас, а многу повеќе за судиите, за да луксузот на одредени функционери биде скратен, за да добијат соодветно место во системот, а тоа се поправните и казнени установи.

Би можело да ве интересира

ОМ: Министерство за политички систем и етнички национализам

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Ова е вековен сон на целиот македонски народ

Катерина Ѓуровски

ОМ: Народот не ве плаќа за циркус, однесувајте се цивилизирано во Собранието

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Една држава – едни униформи

Ана Ололовска

ОММ стана придружен член на Европските млади конзервативци

Ана Ололовска

ОМ против најавената промена на називот на улицата „Борис Сарафов“ во „4 Јули“

Ана Ололовска