СДСМ: Куририте и денеска лажат за Шекеринска, Груевски молчи за злосторничкото здружување

Од:

„Никола Груевски петти ден одбегнува да одговори каква е неговата улога во злосторничкото здружување.
 
Додека Груевски бега, медиумските курири продолжуваат секојдневно да ги бранат неговите криминални активности преку нарачани текстови. 
 
Медиумските курири на Никола Груевски и денеска лажат со повторно објавување на стари измислици за заменик претседателката Радмила Шекеринска.
 
Денешните лаги на медиусмките курири веќе еднаш беа објавувани, откако Шекеринска го обелодени скандалот со скриениот имот на Сашо Мијалков од 1,6 милиони евра.
 
Фактот дека целиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ бил вклучен во злосторничко здружување, медиумските курири се обидуваат да го прикријат со објавување на стари лаги на коишто никој не им верува.

Документ Шекеринска (1)
 
Се потврди дека текстовите на медиумските курири поврзани со заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска се чиста лага!
 
Официјален документ од Основното јавно обвинителство Скопје, потврдува дека овој измислен, креиран случај на ВМРО-ДПМНЕ издиша како дупнат балон уште во 2014 година!
 
„Не постои основано сомнение дека било извршено кривично дело“, јасно наведува Основното јавно обинителство после целосни увиди на Упрвата за финансиска полиција.
 
Тоа е уште една потврда дека корупцијата и криминалот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ 10 години се крие од граѓаните со помош на медиумскиот мрак. Затоа 20 милиони евра, пари на граѓаните завршиле во провладините медиуми, за само три години.
 
Ова е уште еден доказ зошто е потребна слобода на медиумите, зошто е неопходна регулација на медиумскиот простор во интерес на граѓаните“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ