Њујорк: Стопирани летовите, затворени плажите

Од:

Aвиокомпанијаta „Јунајтед ерлајнс“ соопштила дека ќе ги стопира сите летови од и кон областа Њујорк, поради новата бура која му се приближува на регионот.

Оваа одлука се однесува на трите главни аеродроми во Њујорк – „ЏФК“, „Њуарк“ и „Ла Гвардија“.

„Ќе ги запреме летовите од Њујорк до четврток на полноќ поради прогнозите дека на областа и се наближува снежна бура“, изјави Чарлс Хобарт, портпарол на компанијата.

Градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг, изјавил дека денеска во градот ќе бидат затворени њујоршките паркови и плажи.

Парковите и плажите ќе бидат затворени најмалку 24 часа.

„Едноставно не ни треба таква ситуација, да треба да испраќаме спасувачки екипи во океанот, за да спасиме некој кој бил непремослен“, рече градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг.

Тој додаде, дека ќе се обидат да ги евакуираат жителите во пониските делови, кои според прогнозата, би требало да бидат погодени од бурата.

Минатата недела ураганот Сенди погоди 15 држави во САД, однесе најмалку 110 жртви и направи штета од десетина милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас