А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Рејтингот на СДСМ е мизерни 15,7%, а рејтингот на Заев агенциите одамна се откажаа да го мерат

by А1он14/02/2016 - 14:47166
Share0

„Заев е во очај што не успеа да го разнебити македонското ткиво и што неговата деструкција не дава резултати.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Првите пријави на СЈО ќе бидат за изборите и дај Боже да има притвори“ рече аболицираниот Заев во Капиштец неколку дена пред да започне спроведувањето на неговиот план.

Добро е што за желбите на Заев не одлучува тој или неговите послушници, туку легитимните македонски институции врз основа на Уставот и законите.

Затоа, сега СДСМ е во очај што Македонците од Албанија не се отсечени од Македонија. Македонците од Пустец на Заев му порачаа:

Следете a1on на Youtube YouTube

„На приведувањето на Едмонд Темелко се радуваа сите душмани на македонскиот народ и бугарските фашисти и затоа ние го сметаме ова како едно антимакедонско дело“.

„Со ослободителната одлука на судот сметаме дека правдата си го најде местото, исто така ги охрабруваме Македонците од Мала Преспа и Албанија дека ние докрај остануваме Македонци и ке се бориме за правата на Македонците во Албанија и во целиот свет“.

„Ние сме Македонци и не сме против Македонците во Македонија, туку сме против некои што не знаат што прават заради парите  го уништуваат македонскиот народ, го нарекуваат Албанците, а не Македонците. Не треба некој нас да не нарекува Албанци,  како што не нарекуваат некои од  СДСМ од Ресен, од Битола и други места“.

Ова се зборовите на луѓето кои за Заев и СДСМ се непријатели и за кои Заев и СДСМ се молат на Бога да има притвор.

Затоа Заев кон медиумите кои го откриваат неговиот план се однесува крајно недолично и срамно за еден политичар.

Заев и СДСМ кон медиумите кои не се под нивен диктат користат речник од кој се срами секој граѓанин на Македонија.

Вака им се обраќаат на медиумите Заев и СДСМ: „Кога зборувате труе, ширите радијација, поголем изрод од вас не постои, вие сте злосторничка банда, политички непријатели, овие вести се ку*тон вести, вие сте криминалец, вие лажете, ова е лага како и сите лаги сите овие години, Латас е српски шпиун, единствена странска служба сте вие, труете од што лажете, болумента, алооо началниче…“

Човек со вакво однесување и ваква политика на разнебитување на македонското ткиво не може да води ниту куќен совет на зграда, а не држава.

Затоа рејтингот на СДСМ е мизенри 15,7%, а рејтингот на Заев агенциите одамна се откажаа да го мерат бидејќи не може да се мери минусен рејтинг.

Затоа СДСМ е во паника од изборите и соочувањето со народот. СДСМ знае дека ќе биде казнет од македонскиот народ кој секогаш е жесток кон оние кои работат против него“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

dpmnesdsm

Би можело да ве интересира

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

Горан Наумовски01/09/2026 - 14:43

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

Горан Наумовски01/09/2026 - 13:14

(ВИДЕО) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Горан Наумовски31/08/2026 - 11:3531/08/2026 - 11:35

СДСМ: Цените се до плафон – мерки од владата на Мицкоски нема

Горан Наумовски31/08/2026 - 09:5631/08/2026 - 10:31

Поповиќ: Одговорност од Тошковски по новиот скандал со фалсификувани возачки дозволи во МВР

Предраг Петровиќ30/08/2026 - 12:06

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Катерина Ѓуровски29/08/2026 - 12:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео