Новинарот Томислав Кежаровски реагира за двојните страндарди на Основниот суд Скопје1.
– Нашето судство претставено низ две слики. Приведување за обелоденети злоупотреби и приведување за сторени злоупотреби. Недостасува онаа од приведувањето на лицето што од ќебапчилница одзеде 150 ќебапи и се ќе беше во детали објаснето.
Еднаквост за сите, напиша Кежаровски.
Новинарот и претходно на фејсбук напиша статус за различните одлуки на судот.
Осумтемина осомничени од страна на СЈО направиле злосторничка група и сториле десетина кривични дела. Јас објавив вистината за злосторнично однесување. Тие појда во суд со “мерцедеси“, мене ме носеа со блиндирано возило цел вод полицајци вооружени до заби. Зарем сторив нешто поопасно од нив?