Во Пакистан уапсени 97 борци на екстремистички групации

Од:

Пакистанските власти во Карачи уапсија  97 борци на Ал Каеда и на групата Лашкар е џангви, вклучувајќи и тројца нивни команданти и спречија планиран напад врз затвор, кој имал за цел ослободување на убиецот на американскиот новинар Даниел Пeрл.

Генерал-потполковникот Асим Ваја денеска на прес-конференција изјави дека апсењата се извршени од армијата изминатите неколку недели.

Уапсените учествувале во голем број напади врз бази на пакистанското Воено воздухопловство, врз аеродром и објекти на полицијата.

Неколкумина од уапсените екстремисти го подготвувале бегството од централниот затвор на Хајдрабад на Халид Омар Шеик, кој во 2002 година го киднапира и уби новинарот на „Волстрит журнал“, Даниел Пeрл.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица