„Апсењето и судскиот процес за Љубе Бошкоски се политички монтирани, а Бошкоски е единствениот политички затвореник во земјава“, изјави на прес конференција Марјан Огњановски од ОМ, на една година од притворањето на претседателот на партијата.
Македонија рече Огњановски, влегува во редот на потполно недемократски и тоталитарни држави каде луѓето се прогонуваат и осудаат поради политички ставови.
„Бидејќи случајот е нотиран од меѓународните организации прашање е Македонија кога ќе почне да трпи политички штети“, рече тој.
ОМ го повикаа Претседатеот Ѓорѓи Иванов во согласност со законските ингеренции да го ослободи Љубе Бошкоски и „да ја прекине агонијата“.
Од партијата презенетираа 12 точки во кои што според нив, постапката за Бошкоски била прекршена.