„Катимерини“: Грчката Влада претпазлива во однос на повиците за помош кон НАТО

Од:

Грција е во „стенд бај“ состојба додека НАТО се подготвува да дискутира за заедничкиот повик од Германија и Турција за вклучување на Алијансата во спречување на протокот на мигранти во Егејското Море.

Ова, како што јави дописникот на МИА од Атина, го тврди весникот „Катимерини“, додавајќи дека грчките власти не биле информирани за предлогот, за кој ќе се дискутира за време на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, факт кoj го потврдила и владината портпаролка Олга Геровасили.

– Претпазлива на турската самоувереност во Егејското Море, Атина ја прими иницијатива со претпазливост. Премиерот Алексис Ципрас и рекол на германската канцеларка Ангела Меркел дека каква било вмешаност во НАТО треба да биде ограничена на турскиот брег и да ја гарантира грчката сувереност. Грција се очекува да го повтори својот став и преку министерот за одбрана Панос Каменос на разговорите во Брисел, информира весникот.

Под притисок да направи повеќе со цел контрола на мигрантите кои доаѓаат од Турција, Грција денеска треба да добие рок од три месеци, по што ќе се соочи со исклучување од Шенген зоната.

Се очекува Европската комисија денеска да дискутира за ова прашање. На 10 март се очекува извештајот за напредокот во поставувањето на пунктовите за бегалците во Грција.
Извори на „Катимерини“ за весникот изјавиле дека Грција ќе биде подложена на проверки до мај, кога ќе бидат донесени конечни одлуки.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Морничав случај во Грција: Син го запалил телото на татко му, делови пронајдени во корпа

Мицотакис: Во овие околности меморандумите нема да се ратификуваат во грчкиот Парламент

Маринакис: Другата страна не ги почитува основните работи, односно името на земјата, која не се вика Македонија, туку Северна Македонија

Каселакис: Меморандумите се позитивни за Грција и од геополитички и од економски причини

Сè додека трае оваа ситуација нема да ги ратификуваме меморандумите, повторно порака од Грција

Катерина Ѓуровски

Грчкиот Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија меѓу Скопје и Крф

Катерина Ѓуровски