(ВИДЕО) Заев за Ал Џезеира Балканс: Најмалку 100.000 непостоечки гласачи во избирачкиот список

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за Ал Џезеира Балканс најавува дека нема никакви шанси опозицијата да излезе на изборите на 24 април.

Две се клучни причини за ваквата најава, објаснува Заев. Прво е избрачкиот список кој не е прочистен и на него се наоѓаат мртви и избирачи пријавени по два пати, а такви според информациите кои ги има опозицијата се над 100.000 или 12 проценти. Изборите може да ги пресудат неколку проценти од гласачите и затоа опозицијата нема да се согласи да излезе на 24 април. Според Заев потребни се повеќе од сто дена, што значи дека изборите би биле на почетокот на летото.

-Се надеваме дека нема да има потреба за бојкот на изборите, знаат и малите деца дека не може да се исполнат условите до 24 април — прочиситување на избирачкиот список и регулација на медиумите. Но, ако има избори на 24 април опозицијата сигурно опозицијата нема намера да телевизија да ги гледа изборите, рече Заев.

Водителката Мирјана Хрга ги критикуваше ВМРО-ДПМНЕ кои повторно одбиле да учествуваат во емисијата иако неколку дена упорно ги барала и чекала одговор од партијата.

-Денес ми се случи нешто што не памтам дека ми се случило во 20 годинишната кариера, портпаролот на партија задолжен за таа работа-да ми одговори на повикот, да слушне кој бара и после тоа да не сака воопшто повеќе да се јави на телефон. Тешко во такви услови да се вкрстат аргументите, рече Хрга.

Гостин во емисијата “Контекст“ беше и Петрит Сарачини од Македонскиот Институт за Медиуми. Повеќе од видеото.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска