• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Наумов прават се да го спречат спроведувањето на Законот за буџет

by А1он09/02/2016 - 20:0895
Share0

Дополнителниот заменски министер за финансии Кире Наумов и СДСМ продолжуваат со притисоците од деструктивна природа кои имаат единствено за цел да го попречат нормалното функционирање на Македонија, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакција на соопштението од Наумов за денешната аукција со државни хартии од вредност.

Добивај вести на вибер

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Кире Наумов прават се за да го спречат спроведувањето на Законот за буџет. – Аукциите на државни хартии од вредност се предвидени со Буџетот за 2016 година. Буџетот за 2016 година е гласан и одобрен од пратениците на Собранието на Република Македонија, кои пак се гласани од народот. За потсетување, СДСМ уште во 2004 година ги воведе аукциите на државни хартии од вредност со кои се финансира буџетот во сите европски земји, се вели во соопштението.

Наумов и СДСМ, наведува ВМРО-ДПМНЕ, им се закануваат на банките и во неколку наврати добиваат жестоки одговори на нивните закани произлезени од деструктивната матрица на СДСМ. – Овој пат банките се поштедени од заканите на Наумов и СДСМ, но не е поштедена и јавноста од неговата наводна грижа за јавниот долг. Половина од јавниот долг за кој е загрижен Наумов е наследство од СДСМ, партијата која не само што ја задолжи Македонија, туку и ден денес не дава одговор на најголемата мистерија: како е воопшто возможно да ја задолжиш земјата со 2 милијарди евра, а ништо да не оставиш зад себе, освен коњи, рејбанки и бисерни огрлици за 8-ми март како најпознат проект во здравството на СДСМ?, се вели во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ наведува и дека „Наумов треба да се грижи како тој и СДСМ ќе ги објаснат парите кои испариле во ветер земени со 40 активни кредити кои владата на ВМРО-ДПМНЕ ги исплаќа ден денес и ќе ги исплаќа и во иднина?“ и „каде се проектите финансирани со парите од кредитите на СДСМ кои се плаќаат денес?“.

dpmne

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски14/01/2026 - 12:32

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 11:4412/01/2026 - 13:52

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски17/12/2025 - 14:2717/12/2025 - 14:45

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

Катерина Ѓуровски16/12/2025 - 13:06

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски07/12/2025 - 11:4307/12/2025 - 17:40

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

Катерина Ѓуровски07/12/2025 - 10:50
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен