Песков: Нема докази дека во руските напади во Сирија гинат цивили

Од:

Нема докази дека при воздушните нападите на руската армија во Сирија гинаат цивили, соопшти Кремљ, одговарајќи на критиката на германската канцеларка Ангела Меркел.

Меркел вчера изјави дека е фрапирана од информацијата дека поради руското бомбардирање десетици илјади Сиријци ги напуштиле домовите. Таа додаде и дека воздушните напади се прекршување на резолуцијата на Советот за безбедноста на Обединети нации донесена во декември и потпишана од Москва.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека руските напади во Сирија го помагаат „крвавото владеење“ на претседателот Башар ал Асад.

– Покрај многуте слични изјави никој досега не претстави еден единствен валиден доказ за таквите тврдења, истакна портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој додаде дека не може да се зборува за подобрување на односите со Турција, чии воени авиони соборија руски авион во близина на турско-сириската граница во ноември.

– Сега односите ни се на најниско ниво во последните неколку децении. Турција изврши подла агресија врз Русија. Турција не даде адекватно објаснување за акцијата и не се извини, посочи Песков.

Тој повтори дека руските воено воздухопловни сили вршат напади во Сирија на покана на сириската Влада и поради тоа не може да се зборува за окупација на земјата. 

Би можело да ве интересира

ЕУ: Русија да ги заборави замрзнатите средства и по укинувањето на санкциите

Седум лица загинаа, а осум се повредени во пожар во московскиот регион

ФСБ уапси две лица кои подготвувале терористички напад во Русија

Горан Наумовски

Под обвинение за примање мито уапсен e генерал на руската армија

Рјабков: Тврдењата на Пентагон за руско лансирање антисателитско оружје се лажни

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски