А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Сиромаштијата во Македонија е производ и ексклузивитет на СДСМ

by А1он09/02/2016 - 15:00115
Share0

„Тие ја создадоа со криминалната приватизација и транзиција кога затворија 684 фабрики низ цела Македонија и кога оставија на улица без егзистенција 200 000 работници.

Следете a1on на Instagram Instagram

200 000 семјества од Македонија беа оставени без егистенција.

200 000 семејства беа оставени без леб, деца без школување и без перспектива.

СДСМ кога зборува за мизерија во Македонија треба да зборува за својот мандат после кој во земјата останаа 39% невработени, немаше инвестиции во инфраструктура, образование, немаше реновирање и градење на болници и стотици милиони евра за подобра медицинска опрема и подобро здравје кај граѓаните. Немаше субвенции за земјоделците, немаше нови универзитети, школи, градинки, спортски сали, културни центри, базени, немаше борба против загаденоста на воздухот, странските инвеститори ја одбегнуваа Македонија. Немаше книги од врвните универзитети на македонски јазик, немаше ниска партиципација, немаше субвенциониран превоз за пензионери и студенти, немаше стотици други поволности и за младите и за возрасните. Немаше проекти со кои младите може да се стекнат со сопствен дом со огромни поволности, немаше нови автопати, возови.

Следете a1on на Youtube YouTube

Имаше само алчна власт од СДСМ и нула проекти во Република Македонија. Ниту еден единствен капитален проект на СДСМ не паметат граѓаните.

Борбата против сиромаштијата, благосостојбата на граѓаните и борбата приотив невработеноста била, е и ќе биде во иднина врвниот приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во изминатиот период се отворија десетици нови фабрики низ цела Македонија, се креираа над 150 000 нови работни места и се намали невработеноста од рекордните 39% во време на СДСМ на 25,5%. Ако се земат само овие факти, граѓаните многу лесно можат да видат која е разликата од времето на СДСМ и сега.

Впрочем и ден денес се работи за надминување на последиците кои ги остави СДСМ зад себе. Денес сеуште враќаме 40 кредити од времето на СДСМ со кои СДСМ не направи ништо освен што Македонија ја смести во категоријата очај и катастрофа, а работниците во категорија питачи.
Затоа и ја плаќаат цената на својата неспособност 10 години по ред. Затоа на 24 април народот уште еднаш ќе го казни СДСМ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:3625/10/2026 - 15:05

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:2525/10/2026 - 15:04

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 14:41

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 14:31

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Катерина Ѓуровски27/09/2026 - 12:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео