А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Издадени потврди на 2.393 мигранти

by А1он09/02/2016 - 11:18100
Share0

Во текот на вчерашното деноноќие издадени се потврди на вкупно 2.393 странски државјани за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што соопшти МВР, од нив 899 се од машки и 547 од женски пол, како и на 932 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и 15 деца кои патувале без родител, на кои издадена е потврда. Според државјанството, најмногубројни се државјаните на Сирија-1.055, 802 се државјани на Авганистан и 536 државјани на Ирак. При тоа до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.

Од почетокот на годината до вчера издадени се потврди на вкупно 70.418 странски државјани, од кои 28.560 се од машки пол, 15.233 се од женски и 26.483 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 142  деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството најбројни се државјаните на Сирија-34.238, Авганистан-22.097 и Ирак-14.080.

Во посочениот период до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле десет лица (седум од Авганистан и три од Сирија) врз основа на претходно издадена потврда за намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 08.02.2016 година евидентирани се вкупно 16 баратели на азил од кои 12 мажи, две жени и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, еден маж, една жена, пет малолетни деца со придружба на старател, пет малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика, стои во соопштението од МВР.

migranti

Би можело да ве интересира

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Предраг Петровиќ02/09/2026 - 17:30

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод

Горан Наумовски24/08/2026 - 22:03

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти

Предраг Петровиќ22/08/2026 - 14:09

ВИДЕО: Момче од Мароко низ солзи го молеше шпанскиот војник да не го враќа назад

Предраг Петровиќ04/08/2026 - 17:5404/08/2026 - 17:56

67 мигранти загинаа во хаосот во Сеута

А1он02/08/2026 - 08:36

Вивас: Околу 60.000 мигранти дојдоа во шпанската енклава, а 34 загинаа

Горан Наумовски31/07/2026 - 14:4731/07/2026 - 14:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео