Израдувајте ги дечињата со овие вкусни, шарени чоколадни колачиња …
Потребно е:
1,5 чаша (од 250 мл) путер од кикирики
1/2 чаша растопен путер
2,5 чаши шеќер во прав
шарени чоколадни бонбони (М&M, Бонитоп)
200 гр чоколадо
Подготовка:
– Во еден сад ставете ги путерот од кикирики, растопениот путер, шеќерот во прав и чоколадните бонбони и измешајте убаво.
– Со раце земајте парчиња од смесата и обликувајте ги како топчиња со големина на орев. Наредете ги на масна хартија ставена на работната површина или во некоја тава.
– Вака подготвените топчиња ставете ги во фрижидер да се стегнат некаде околу 20 минути.
– Земете 200 гр чоколадо и растопете го во микробранова печка некаде околу 60 секунди. Може да го растопите на пареа ако немате микробранова печка.
– Секое топче убаво потопете го во растопеното чоколадо и наредете ги на масна хартија.
– На секое топче одозгора ставете по едно шарено чоколадно бонбонче.
– Пред да ги послужите ставете ги во фрижидер убаво да се стегнат.