„Никола Груевски не може да се помири со фактот што повеќе не е премиер.
Лицемерно, Никола Груевски, чии погрешни политики создадоа 52% младинска невработеност, поради кого 626 илјади граѓани си заминаа од Македонија во потрага по егзистенција, сега повторно без срам излезе со нови виртуелни проекти и ветувања.
Човекот што им украде 10 години живот на младите од Штип и цела источна Македонија не може да зборува за иднината“, рече Даниел Милевски, секретар на ЛК СДММ Штип.
„Во Штип јавен превоз не постои, киносалите одамна се затворени, младите се невработени, студентскиот стандард е под секое достоинство.
Новите виртуелни проекти коишто ги предлага ВМРО-ДПМНЕ се само нова лага и ништо повеќе.
Проектот „Студентски град во Штип“ што заземаше и по неколку страници во предизборни програми на ВМРО-ДПМНЕ остана само празна ливада.
За цели 10 години не е изграден ниту еден нов студетски дом во Штип, ниту во Македонија.
Милионските провизии, сомнителните тендери, криминалот и корупцијата на Никола Груевски и фамилијата ги остави младите во Штип без основни услови за живот, учење и работа и однесе многу работни места.
Разобличен е криминалот на фамилија. Заврши времето на Никола Груевски!
Младите се двигателот на промените коишто ќе се случат во Македонија. Промени, коишто ќе значат победа над криминал и корупцијата и враќање на достоинствен живот за сите, пред се за младите“, изјави Даниел Милевски.