Турскиот вицепремиер го критикува притисокот од страна на ЕУ по прашањето за бегалците

Од:

Турскиот вицепремиер Јалчин Акдоган  остро реагираше на притисокот од страна на ЕУ врз Турција за отворање на вратите за десет илјади Сиријци, кои чекаат на границата бегајќи од насилствата во нивната земја, пренесува БТА.

Акдоган денеска ја обвини ЕУ дека и дава на Турција часови по морал и сака да го зголеми бегалскиот товар врз земјата без да преземе каква било одговорност.

– Од една страна ЕУ вели: „отворете ги границите и примете ги сите внатре“, а од друга страна вели: „затворете ги границите и не пуштајте никого“, изјави Акдоган.

– Дури и без да обезбедат пари тие ни велат: „примањето на тој народ е прашање на совест“, додаде Акдоган, и потоа праша: „Само ние ли треба да дејствуваме со совест? Зошто тие не ги земат?“.

Турскиот вицепремиер ги имаше предвид три милијарди евра, кои ЕУ им ги вети за да им помогнат на сириските бегалци.

Би можело да ве интересира

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море