ВМРО-НП: Министре Ристовски излезете од земјата на бајките

Од:

„Господине Ристовски, сторивте се што можевте на сиромашните и истрошени граѓани да им ги зголемите и обврските и трошоците, а целта е нечовечка и нехумана за полесно и побрзо да ги тргнете невработените од веќе исчистените списоци.

– Активни или пасивни, избришани или незапишани во Република Македонија невработени има околу 400 илјади. Ние од ВМРО-Народна партија прашуваме, зошто и за невработените не примените размена на податоци помеѓу институциите и не ги поштедите од непотребни трошоци.

– Искористете го системот на институцијата , сите оние кои не се пријавени како вработени повеќе од јасно е дека се невработени. А така “добрата” размена на податоци нека ве алармира доколку со статусот на веќе еднаш пријавеното невработеното лице настанала некаква промена. Во тој случај невработените лица проектите и услугите на Агенцијата ќе може да ги користат доброволно без стресови и санкции.

– Министре Ристовски дали ќе бидете доблесни ден поскоро, а најдоцна пред предстојните избори да излезете пред граѓаните со анализата на потребите од вештините на пазарот на труд кој ќе ги покаже вашите катастрофални и поразителни политики кои покажуваат големо намалување на вработените во фирмите како и најавени голем број отпуштања за почетокот на 2013 година?! Претпоставуваме дека нема да го објавите или ќе го украсите со убави бројки?!

– Г-дине Ристовски, како ќе ни го објасните спротивното однесување на невработеноста со економските трендови. Секојдневно се намалува бројот на работници во индустријата и воопшто во стопанството, нови работни места и вработувања нема, а бројот на невработени според вашата евиденција постојано се намалува.

– Мора да станува збор за некој “посебен феномен или ептен добар проект”?! Министре Ристовски излезете од земјата на бајките и ако навистина сте засегнати за граѓаните имате можност тоа да го докажете. Јас по кој знае кој пат Ве повикувам на ТВ-дуел иако вие функционерите од ВМРО-ДПМНЕ досега јасно покажавте дека ТВ-дуели не прифаќате бидејќи немате аргументи со никого од опозицијата да дебатирате“, изјави Билјана Јовановска, ВМРО-НП.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Наместо исполнување на договорените обврски со ЕУ, Владата со нови проблеми пробува да го „откочи“ веќе закочениот процес

ВМРО-НП: Неприфатливо донесувањето на законите за матична евиденција и родова еднаквост

А1он

ВМРО-Народна партија ќе поднесе амандмани на сите предлог-закони поврзани со изградбата на коридорите

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Поднесуваме иницијатива за укинување на Министерството за транспорт и на Јавното претпријатие за државни патишта

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Сто проценти од оружјето кое С. Македонија и го подарува на Украина е набавено од Владата на Георгиевски

Ана Ололовска

Професор Александар Симоновски реагира на предлогот на Георгиевски за рехабилитација на четниците

Ана Ололовска