А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Кирацовски

by А1он07/02/2016 - 17:31147
Share0

Оценувањето на вработените во адмнистрацијата годинава функционира само како пилот проект. Нема ниту казни, ниту награди, кои манипулативно не ги спомнува Кирацовски, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на потпретседателот на СДСМ и дополнителен заменик-министер за информатично општество и администрација.

Следете a1on на Instagram Instagram

“Спасувањето” на администрација кое што денес си го припиша Кирацовски е со закон утврдено уште пред Зоран Заев да го постави за дополнителен заменик министер, се вели во соопштението. Воедно, во врска со презентираните податоци за оценување на административни службеници од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека тој манипулирал со јавноста бидејќи за отказ потребно е администативецот да биде оценет со единица, а исто така го оспоруваат и начинот на кој дошол до листите со оценки.

– Менаџирањето со институции и вработени е нешто што Кирацовски допрва треба да го искуси и научи во пракса, со оглед дека неговиот работен стаж пред „дополнителното заменичко министерување” од ноември 2015 година наваму изнесува точно 0 години, 0 месеци, 0 денови, 0 часови и 0 минути. Најстрашно од се е што Кирацовски денес јавно го демонстрираше криминалниот начин на функционирање на неговата партија. Кирацовски украл лични податоци од институцијата во која што работи и ги доставил во неговиот партиски штаб. Ова е скандал кој потврдува дека СДСМ ги сфаќа институциите како погони во нивната Фабрика за афери, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:3625/10/2026 - 15:05

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:2525/10/2026 - 15:04

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 14:41

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 14:31

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Катерина Ѓуровски27/09/2026 - 12:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео