Сијарто: Македонија ја брани ЕУ и Шенген-зоната од бегалците и мора да и се оддаде почит

Од:

Седум земји-членки на Европската унија, од кои најголемиот дел се и во Шенген-зоната, се очекува и официјално да побараат затворање на македонската граница кон Грција на денешниот состанок во рамки на неформалниот Совет за надворешни работи на Европската унија посветен на западно-балканската мигрантска рута во Амстердам, на кој присуствуваат и шефовите на дипломатиите на земјите-кандидати на оваа рута, меѓу кои и македонскиот министер Никола Попоски.

Словачка, Словенија, Унгарија, Хрватска, Чешка, Полска, Австрија, како што јавува дописникот на МИА од Амстердам се ЕУ-земјите кои бараат фактички исфрлање на Грција од Шенген-зоната и одбрана на границите на Унијата во Македонија. Toa, во изјава за МИА го потврди и министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, пред почетокот на состанокот што во моментов е во тек во рамки на т.н. „Гимних”-состанок.

– Среќен сум што е тука присутен и министерот за надворешни работи на Македонија. Она што го мислиме во моментов е дека Еворпската унија не може да се одбрани од југот, со оглед на тоа што миграцијата продолжува и има илјадници нерегуларни мигранти што влегуваат на територијата на ЕУ на дневна база од југот. Очигледно е дека во моментов јужната граница на Шенген зоната не се штити и ако Грција не е подготвена, не може да ја заштити Шенген-зоната и не прифаќа никаква помош од ЕУ, тогаш ни е потребна друга линија на одбрана, а тоа очигледно се Македонија и Бугарија. Се надевам дека ќе имаме некаков прогрес, бидејќи веќе фрустрира што сите говорат за потребата од заштита на надворешната граница, а ништо не се случува. Мислам дека тоа мора да го сопреме, дециден е Сијарто.

Според унгарскиот шеф на дипломатијата, Шенген регулативата кажува јасно, а тоа е дека доколку сте на надворешна граница на Шенген-зоната, тогаш обврска на таа земја е да обезбеди границата да биде преминувана само преку официјални гранични премини за време на работни часови. Сијарто нагласува дека Унгарија е во согласност со оваа регулатива, но има некои земји-членки на Шенген што не се во согласност со регулативата.

– Се надевам дека Шенген-зоната ќе преживее, бидејќи тоа е во интерес на сите нас, вели Сијарто.

Би можело да ве интересира

Грција ќе ги суспендира барањата за азил од луѓе што доаѓаат од Северна Африка за три месеци

Трамп нареди проширување на мерките за притвор и депортација на мигрантите

Германската влада ги затвора вратите за мигрантите

Голема пресметка на банди во близина на Сараево, шестмина се повредени

Горан Наумовски

Нелегалните мигранти пукаа врз полицијата во близина на Шид, еден мигрант е убиен

Горан Наумовски

Пронајдени двајца мртви мажи во Суботица, истражителите се сомневаат дека се работи за пресметка