ССНМ и ЗНМ бараат СДСМ да им го достави предлог-законот за медиуми

Од:

Од информациите од медиумите, се стекнува впечаток дека СДСМ бара санкционирање на новинари и на медиуми за непочитување професионални стандарди. Затоа бараме оваа пртија да ни го достави својот предлог-закон, а во спротивно тоа ќе го побараме од ВМРО-ДПМНЕ е ставот на Тамара Чаусидис, претседателка на ССНМ.

– ССНМ и ЗНМ конечно бараат да престане оваа рашомонијада околу преговорите за медиумите. Време е да се каже јасно и гласно кој за што се залага. Ние цврсто го поддржуваме секој предлог во насока на департизација на регулаторот и на јавниот сервис и на почитување на општите стандарди во новинарството и на етиката во професијата, рече Чаусидис.

Претседателот на Здружението на новинари, Насер Селмани, силно ја осуди хајката и црната кампања во медиумите против европскиот посредник Питер Ванхауте во врска со последните предлози на СДСМ за медиумските реформи.

– Ваквото неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ не помага да се најде квалитетно решение за медиумските реформи. Со лаги и со подметнувања двете партии не можат да ја сокријат нивната одбивност кон вистинските реформи во медиумите. Одлучно сме против идејата на СДСМ новинарската етика да се регулира со закон. Да се казнуваат медиуми со глоби за прекршување на новинарската етика е недемократска практика, рече Селмани.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ: јавен укор за судијата Спировска Панева

ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје