ФСП: ВМРО-ДПМНЕ да го прекине неаргументираниот напад врз Јанева и притисокот врз СЈО

Од:

„Координативното тело на Форумот на слободоумни патриоти сака во целост да и ја изрази својата поддршка на обвинителката Катица Јанева и на Специјалното јавно обвинителство.

Имено, оваа институција е формирана како последица на извештајот на ЕУ експертската група предводена од Рајнхард Прибе во кој беа нотирани клучните аномалии во Македонското општество, кои се последица на десетгодишното немилосрдно владеење на оваа структура. Притоа, сакаме да поменеме дека изборот на обвинителката Катица Јанева беше со консензус од сите политички партии учесници во процесот.

Форумот на слободоумни патриоти посебно сака да му укаже на раководството на ВМРО ДПМНЕ дека токму со нивен благослов беше донесен законот за СЈО и се случи изборот на обвинителката Катица Јанева, бидејќи ВМРО ДПМНЕ го има мнозинството на пратеници во Собранието на Република Македонија. Воедно, за време на носењето на Законот за СЈО и изборот на Катица Јанева во ниту еден момент не оспоривте ништо, а имавте доволно време да го сторите тоа. Оттука, за нас останува нејасно како тоа сега имате нешто против, а тогаш молчевте?

Го повикуваме раководството на ВМРО ДПМНЕ ова да им го укаже на своите медуимски мегафони и да го прекине неаргументираниот напад врз обвинителката Јанева, како и континуираниот неоснован притисок кој се врши врз Специјалното јавно обвинителство.  Доколку  навистина  сте  чисти  како  што  милувате  да  кажувате  во јавност, место што вршите опструкции и ги инструирате вашите медиумски слуги, изелезете  во  пресрет  на  СЈО  и  обвинителката  Јанева  и  помогнете  процесот  да  се заврши што е можно побрзо. На тој начин најефикасно ќе докажете дека изминатите 10 години сте работеле законито и во интерес на Република Македонија, а не во ваш личен интерес.

За крај  не  сакаме  да  веруваме дека  сесрдната тогашна поддршка  на СЈО и Катица Јанева беше со задни и нечесни намери, при што сте планирале останатите институции на системот кои се под ваша контрола, како и медиумските мегафони континуирано да ги користите како средство за опструкција и притисок врз СЈО“, се вели во соопшетението на Форумот на слободоумни патриоти.

 

Би можело да ве интересира

Митева: Итна реакција од сите надлежни институции за скандалозното однесување на Дехари

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Љутков директно одговорни за рушењето на домот на Владо Малески

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Швајцарци го оставиле празниот куфер кој направи паника кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Власта е уплашена и нервозна, искршени стакла на изборниот штаб на СДСМ во Градско

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев