(ВИДЕО) Поповски: Опозицијата не отстапува од регулација на медиумите

Од:

Нашиот став е јасен и прецизен. Ние предложивме законска форма во којашто ги дефиниравме и потврдивме нашите позиции. Таа се базира врз предлогот на меѓународната заедница којшто е во согласност со сите оние размислувања на опозицијата и на огромен процент од медиумската заедница, новинарскиот еснаф и сите оние луѓе коишто работат во оваа професија, во интерес на граѓаните на Република Македонија.Опозицијата нема да отстапи од регулација на медиумите што ќе значат можност за граѓаните да добијат објективна слика за тоа каква е состојбата во државата, изјави вечерва Роберт Поповски од преговарачкиот тим на СДСМ.

Тоа е црвената линија која дефинитивно во интерес на регуларни и фер избори ,но и во интерес на демократскиот амбиент мора да се испочитува и тоа е она што единствено може да ја носи Република Македонија напред во медиумската сфера, рече Поповски.

Би можело да ве интересира

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество