(ВИДЕО) Заев: Има докази дека кумановските настани ги организирала врхушката на власта

Од:

Зоран Заев, лидерот на СДСМ, вечерва на средба со граѓаните на Капиштец, на која присуствуваа и градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски и советниците, кажа дека има докази дека Кумановските настани ги организирала врхушката на власта, а бесрамно, веќе утредента им исплатила 2 милиони и 600 илјади евра на медиумите да ја лажат јавноста.

Сега е време, рече, да преземеме чекори и да си ја спасиме државата.

Слободната волја на избори е императив и светост.

„Клиентелизмот на Груевски ги прави ВМРО-вци да не признаат, тие не се виновни. Тие не краделе, врхушката на власта крадела. И тие ќе се прекршат, огромен процент од нив. Затоа во Изборниот законик е предвидено, тој што купува гласови и уценува да одговара со казна затвор од 3 до 5 години. Затоа и го баравме Министерството за внатрешни работи за да има директна реакција. Тој што ќе го фатат како краде гласови и заплашува,поткупува гласачи, веднаш има наредба Оливер Спасовски да апси и приведува. Сами ќе гласаат граѓаните. Имаме докази. До некни Бранко беше крив, сега Заев е крив“, рече лидерот на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче останува со потрчковците на Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија има јасна агенда за бришење на јазикот и идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче му возвраќаат на Заев, неговите деца во партијата станаа кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ: Акиов е човек од доверба на Заев и соучесник во сценариото кое го подготвил со Филипче за дестабилизација во Кочани

Во енергетска криза, кланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ три пати поскапо и профитирале, а граѓаните плаќале повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

Манасиевски: Дали Филипче и Заев имале акции во индиска авиокомпанија и оттаму им се средствата за 50-катница во Дубаи

Катерина Ѓуровски