Средба на Ахмети со црногорскиот амбасадор Предраг Митровиќ

Од:

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска се сретна со амбасадорот на Црна Гора во Македонија Предраг Митровиќ.

На средбата во седиштето на ДУИ во Тетово, Ахмети и амбасадорот Митровиќ разговараа за актуелната политичка ситуација во Македонија, предвремените избори и соработката меѓу двете земји.

Како што соопшти ДУИ, Ахмети зборувал за спроведувањето на договорот од Пржино и го поздравил усвојувањето на методологијата за чистење на Избирачкиот список со што, како што рекол, е дадена целосна можност на Државната изборна комисија да спроведе веродостојни, фер и демократски избори.

– Институциите на државата треба да преземат одговорност и да ги спроведат нивните законските обврски за да се овозможат веродостојни избори, додека политичките партии и медиумите треба да го надминат јазикот на омразата и клевети кон придонесот за една коректна изборна атмосфера, посочил Ахмети.

Во врска со разговорите за медиумите, го запознал амбасадорот околку ставовите на ДУИ за предлогот на посредниците, како и амандманите кои ги достави партијата во работните групи. Во работните групи, рекол Ахмети, ДУИ ги застапува ставовите на медиумите на албански јазик по воспоставувањето вистински дијалог со нивните претставници и прифаќање на нивните барања.

Ахмети воедно изразил поддршка за транспарентна и непристрасна работа на Специјалниот обвинител, но истовремено и загриженост за, како што нагласил, протокот на материјалите во рацете на група криминалци и фалсификатори. Овој случај, додадл лидерот на ДУИ, треба целосно да се реши со одговорност.

Би можело да ве интересира

„Вреди“: Автопатот Скопје-Блаце требаше да биде изграден во времето кога семејството Ахмети ја купи „Соравија“

A1on

ДУИ: Милиони евра за компанија поврзана со најблискиот круг на Изет Меџити – граѓаните заслужуваат одговори

ДУИ: Компанија основана во јули 2024 добила над 3,4 милиони евра од Општина Чаир

Горан Наумовски

ДУИ: Законот за употреба на јазиците не се применува доследно

ДУИ: Катастарот ја открива имотно-правната врска меѓу Висар Ганиу и Недим Рама, седум викенд-објекти на иста парцела

Кој го одолговлекува случајот со Артан Груби, прашува ВРЕДИ