ЕП апелира Србија и Косово да продолжат со реформите

Од:

Европратениците ги поздравија отпочнувањето на преговорите на Србија за членство во Европска унија и напредокот во односите со Косово.

Во резолуцијата, усовоен денеска во Европскиот парламент, е потенцирано дека таквите односи би помогнале сите земји-членки на ЕУ да го признаат Косово.

Европратениците апелираа до Белград и Приштина да продолжат со целосно исполнување на договорот, кој е еден од условите за прием на Србија во ЕУ.

– Испраќаме јасна порака: Србија е на пат кон ЕУ. Отворањето на првите поглавија во процесот за членство е постигнато благодарение на нормализацијата на односите со Косово, изјави известувачот Дејвид Макалистер.

Резолуцијата за Србија беше изгласана со 498 гласа „за“, 66 „против“ и 70 „воздржани“. Со резолуцијата се повикува Србија да ги продолжи реформите со цел да се обезбеди независност на судиите, обвинителите и медиумите од политиката, како и засилување на борбата со корупцијата и организираниот криминал.

Европратенизите узвоија и резолуција за Косово со 403 гласови „за“, 130 „против“ и 104 „воздржани“.

– Иднината на независно Косово е во ЕУ, но државата треба повеќе да се ангажира во борбата против корупцијата и организираниот криминал. Тоа важи и за економијата, изјави известувачот Улрике Луначек.

Таа додаде дека Косово е единствена држава од Западен Балкан чии државјани не можат слободно да патуваат во Европа и оти тоа набрзо треба да се промени.

Европратениците наведоа и дека пет земји-члени на ЕУ се уште официјално не го имаат признаено Косово и ако тоа се случи ќе доведе до поголема стабилност на регионот и би помогнало за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски