Лидерот на џихадистичката група Исламска држава (ИД) во Јемен, Џалал Баледи е убиен утрово при ракетен напад на беспилоно летало, јавија западните медиуми, повикувајќи се на изјави на локални жители и официјални јеменски претставници.
Според истите извори, Балади и двајца негови помошници биле убиени кога ракета истрелана од дрон го погодила возилото со кое патубале.
Нападот се случил на пат меѓу градовите Зинжибар и Шакра во јужниот дел на Јемен.