Јонхап – Сеул
Јужнокорејски производи за нега на кожа и козметика се здобиваат со популарност низ целиот свет. Клучот на нивниот успех лежи во висококвалитетните природни состојки кои ефикасно ја подобруваат кожата без користење на какви било штетни компоненти кои можат да создадат штетни ефекти.
Нивната достапна цена е втората тајна, затоа што се ефтини и покрај нивниот висок квалитет и природните состојки. Многу од овие брендови имаат цена под 10.000 јужнокорејски вони (нешто над осум долари), а некои од нив – најскапите – чинат помеѓу 50.000 и 60,000 вони (од 41 до 49 долари). Во споредба со други луксузни брендови, јужнокорејските производи за нега на кожата и козметика се во опсегот на достапни цени, со што се зголемува и сатисфакцијата кај конзументите.
Еден од тие примери е гел ајлајнерот од „Тони Моли“. Овој производ е дизајниран за исцртување на линија околу очите со мастило во вид на гел и со четкичка. Отпорен е на вода/влага и останува долго време, дури и при потење или плачење (солзи). Чини под 10,000 вони (8 долари) и е за секојдневна употреба, а четкичката е внатре во тубата.
Тоа им помага на почтниците во шминкањето лесно и мазно да исцртуваат линии околу очите, без никаков страв. Корисниците можат да изберат од седумте бои, почнувајќи од црна, кафена или кафено-црна до сјајно црна. Овој производ добива голема популарност и во и надвор од Кореја.
„Тони Моли“ се исто така познати и по своите уникатни дизајнирани пакувања. Меѓу нив се тубите во облик на црвени усни, праски или креми за раце во облик на овошја и шишенца со парфеми во облик на мали зајчиња. Тие производи имаат цена од околу осум долари, лесно се пренесуваат и мали се и имаат симпатичен дизајн кои го привлекуваат посакуваното внимание.
Благодарение на нивната популарност, „Тони Моли“ во 2014 оствари рекордна продажба од 330 милијарди вони (27,1 милиони долари). Нивните производи се наоѓаат на полиците во „Сефора“, глобалниот ланец на продавници за козметика, во Европа, и се број еден козметички бренд во Јужна Кореја.
Ноќните и утринските креми за лице на „Миша“ се исто така познати во странство. На 11 ноември 2014, празникот на потрошувачите познат како Денот на самците, „Миша“ продаде вкупно 56.123 пакувања од кремата во Кина. За разлика од регуларните ноќни и утрински креми, кои се базираат на масла и имаат премногу сива подлога, кремата на „Миша“ е бела, не е мрсна и ја осветлува кожата.
„Миша“ во анкетите со потрошуватите исто така добива признанија за своите производи против стареење на кожата. Во тест за квалитет спроведен од „Конзјумерс Кореа“, кремата за млади бесмртна временска револуција беше рангирана втора на тестот против брчки и за белење на кожата, помеѓу 12 други креми против брчки, меѓу кои и некои увозни и луксузни брендови. Сега овој производ е еден од најдобро продаваните воопшто помеѓу производите против стареење на кожата.
Пакувањата со креми од полжави и маски од полжави од „Итс скин“, се денес исто меѓу најбараните производи кај азиските потрошувачи, посебно кај кинеските и јапонските купувачи. Овие производи содржат муцин, густа и леплива состојка од полжави, која навлажнува и помага во регенерацијата на кожата. Кога ќе се нанесе, таа лесно и мазно се апсорбира во кожата. Овие производи исто содржат арбутин и аденосин, кои ги намалуваат брчките и помага во обелување на кожата.
Уште еден хит производ од „Итс скин“ е нивната Формула пауер 10. Тоа е високо збогатена есенција која помага во отстранувањето до 13 кожни проблеми. Овој производ е посебно популарен меѓу конзументите во САД, Европа и Русија. Секој од 13-те производи содржи здрави состојки за кожата, како што се витамин А, витамин Ц, екстракт од овес, колаген и коензим Кју 10, се во една ампула, за да може корисникот да избере од 13 производи направени за нивната специфична кожа.
Производите за нега на кожата направени од злато и другу луксузни состојки се исто така многу популарни. „Нејчр рипаблик“ привлече големо внимание со своите креми за лице кои содржат 99 проценти чисто злато, млеч од пчели и златни свилени буби. Овој производ е крема во вид на гел кој светка со златен сјај. Тој навлажува, ја негува кожата и ја прави кожата помека и поцврста.
Гелот за чистење од алое исто е голем хит од „Нејчр рипаблик“. Овој производ е направен од 92 проценти природно алое и содржи витамин Ц. Кога ќе се апсорбира, ја навлажнува кожата и смирува било какви кожни проблеми.
Меѓународните медиумски ограноци ја следат растечката популарност на јужнокорејските производи за нега на кожата и козметиката. Американската телевизија Ен-Би-Си се фокусираше на корејската козметика во приказната „Корејските производи за убавина, кои некогаш беа целосно непознати, влегуваат во американскиот мејнстрим“, емитувана на 6 јануари годинава. Во сторијата, Ен-Би-Си вели: „Во изминатата година, корејските прозиводи за убавина – од тонери до маски во облик на покривки – пораснаа вбо побарувачката во продавниците во Америка“.
Спомнувајќи ја популарноста на корејските ноќни и утрнкси креми и пакувањата на маски во облик на покривки – се додава: „Додека блогерите кои пишуваат за убавината веќе извесно време здивеа по опциите за грижа за кожата од Кореја, се повеќе мејнстрим компании како „Сефора“ или „Лореал“ веќе се заинтересираа за нив“.