Кожув домаќин на Сигал во дуел од БИБЛ лигата

Од:

Македонскиот претставник во Балканската кошаркарска лига (БИБЛ), Кожув вечерва пред својата публика го игра првиот меч од новоформираната четвртфинална Д група.

На мегдан во Гевгелија доаѓа актуелниот шампион, екипата на Сигал од Приштина.

Овие две екипи сезонава веќе одиграа два натпревари во првата фаза. На првиот, во Приштина, победа оствари Сигал со 88:60. Домашниот терен беше предност и во вториот меч, кога во декември месец во Гевгелија, Кожув забележа триумф со 68:62.

Денешниот дуел меѓу Кожув и Сигал ќе започне од 18 часот, а вчера во рамките на оваа групата Д се одигра натпреварот Пеќ – Левски 79-85.

Во групата Ц, попладнево ќе се игра средбата Башкими – Теодо, додека мечот меѓу Морнар и Берое ќе се игра на 11 февруари.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ