ДИК ја усвои методологијата за прочистување на избирачкиот список

Од:

Државната изборна комисија на денешната седница ги усвои правилникот за методологија за целосен пристап, вршење промени и бришење на податоци во Избирачкиот список, како и постапка за спроведување теренска проверка заради ажурирање на истиот, соопшти вечерва ДИК.

Комисијата го усвои и правилникот за методологија за водење и ажурирање на Избирачкиот список заснована на проверки и статистички анализи, вкрстени проверки на различни бази на податоци и евиденции, не ограничени теренски проверки и други соодветни признати методи за проверка

Методологијата за прочистување на избирачкиот список ДИК ја усвои по добиената писмена согласност од четирите најголеми партии во Собранието на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

ДИК: Излезноста во Брвеница до 15 часот 31,17 проценти, гласале 5.064 граѓани

(ВИДЕО) ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот е 2,46 отсто, гласале 400 избирачи

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласаа 85 болни и немоќни лица

Поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“, без струја ДИК и МОН

Катерина Ѓуровски

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието