Навистина вкусни и меки земички, одлични за подготовка на сендвичи …
Потребно е:
1 чаша (од 200 мл) млеко
7 гр сув квасец
3,5 чаши брашно
1/2 лажиче сол
2 лажици путер, солен
2 слатки компири
1 јајце
Подготовка:
– Во помал сад сипете ги загреаното млеко и квасецот и оставете ги на топло околу 5 минути да стаса квасецот.
– Во друг сад измешајте 3 чаши брашно, шеќер и сол. Додадете го омекнатиот путер, јајцето, сварениот и испасиран сладок компири стасаниот квасец. Матете со миксер додека да добиете хомогена смеса.
– Постепено додавајте брашно додека тестото не биде веќе лепливо.
– Тестото ставете го на набрашнета работна површина и продолжете да го месите со раце уште околу 5 минути. Потоа ставете го во голем намастен сад и покријте го со крпа. Оставете го на топло да стои околу 1 час за да нарасне доволно.
– Повторно замесете го тестото и неколку пати удирајте го од работната површина.
– Тестото поделете го на 12 еднакви делови и обликувајте ги како топчиња и наредете ги во намастена тава за печење. Покријте ги со крпа и повторно оставете ги да нараснат, околу 40 минути.
– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 25 минути додека да станат златно-кафени на површината.
– Извадете ги од рерна и оставете ги да се изладат пред да ги сервирате.