Обединети за Македонија во целост го поддржува денешниот штрајк на синдикатот на македонската дипломатија, и потенцира дека токму преку МНР и дипломатската мрежа ќе се направи вистинскиот фалсификат на престојните предвремени парламентарни избори.
Веќе десет години власта го преработи МНР со свој кадар на послушници и лепачи на партиски плакати. Додека ги чистеше и избрка од работа постоечките кадри, вработи свои. Во македонските Амбасади и Конзулати работат лица кои немаат соодветна стручност и квалификации, но голема послушност за да прават манипулации и местат избори. Укажуваме дека ДИК треба да има предвид, темелна проверка на избирачките места во странство. Не смее да се дозволи актуелните дипломати да влијаат врз избирниот процес или да учествуваат во истиот. Посебно треба да се таргетираат Амбасадите и Конзулатите во Германија, Италија, Швајцарија, Данска, Шведска и Австралија, велат од партијата.