Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров на својот профил на Инстаграм „закачил“ видео материјал на кој се глада дека своето оружје го има ставено на лицето на рускиот опозиционер Михаил Касјанов. Врз лицето на Касјанов, кое е прекриено со филтер, Кадиров вперил снајпер, информира Би-Би-Си.
– Касјанов пристигна во Стразбур за да бара пари за руската опозиција. Кој не разбрал, ќе разбере, се вели во заканувачкиот коментар од видеото.
Соборецот на Касјанов од руската партија „Парнас“, Илја Јашин, објавенотo видео го оцени како директна закана за убиство.
Во средината на јануари, Кадиров руската вонпарламентарна опозиција ја оцени како „непријатели на народот“, кои се обидуваат да го разнишаат политичкиот систем во земјата, забележа Би-Би-Си.
Според негово мислење, овие опозиционери треба да се судат за „подривачка дејност”.
Изјавите на Кадиров предизвикаа бурна критика од страна на активистите и опозиционери.
Прес-секретарот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, меѓутоа, предложи да не се зголемува тензијата околу изјавата на чеченскиот лидер. Според Песков, „кажаното треба да се прочитa мирно“.