Околу 2.300 новинари се убиени изминатите 25 години при извршување на службената должност

Од:

Изминатите 25 години 2.297 новинари и медиумски соработници се убиени, додека се обидувале да го информираат светот за војните, револуциите, криминалот и корупцијата, а убијците продолжуваат да живеат без да бидат казнети, се наведува во извештајот на Меѓународната федерација на новинарите.

Во 1990 година од кога се води статистиката, убиени се 40 новинари, но по 2010 година нивниот број е над сто, се вели во извештајот.

– Најопасни се последите десет години, изјави генералниот секретар на Федерацијата, Антони Беланџер и додадва дека најголемиот број убиства се во 2006 година, 155.

Беланџер изјави дека извештајот од 79 страници бил изготвен за да се потенцира состојбата на неказнивост, која има помага на убијците да се извлечат и ги претвора новинари во многу лесна цел.

– МФН располага со податоци, кои покажуваат дека само за едно на десет убиства се покренува истрага. Треба да се спречи неказнивноста, која ги штити убијците, нагласи генералниот секретар на Федерацијта.

Извештајот ќе биде објавен следната недела. Утре ќе биде разгледан во британскиот Парламент, а в четврток МФЖ ќе го претстави на седница на УНЕСКО во Париз.

– Со овој извештај сакаме да предупредиме дека е крајно време да се стори нешто, додаде Беланџер.

Според извештајот изминатите 25 години најопасни држави за новинарите се Ирак (309 убиени), Филипините (146) и Мексико (120).

Би можело да ве интересира

Коцевски: Јавно ја осудувам секоја форма на притисок и закани кои се насочени кон замолчување на новинарите

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Почина Исуф Кадриу, дописник на РСЕ од Скопје

Предраг Петровиќ

Ден на слободата на медумите – македонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

А1он

Со плати под просечната, новинарите даруваа крв и го одбележаа Светскиот ден на медиумите – 3 мај

A1on

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on