ВМРО-ДПМНЕ: Владата исплаќа 40 стари кредити на СДСМ

Од:

Македонија останува една од најмалку задолжените земји во Европа според „Еуростат“. СДСМ има проблем кога земјата не е задолжена како во нивно време, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава на дополнителниот заменик- министер за финансии Кире Наумов дадена во Гостивар.

– За СДСМ е несфатливо како е можно во Македонија постојано да се работи, да се реализираат проекти од инфраструктурата, земјоделието, образованието, здравството, да се вложуваат стотици и стотици милиони евра, притоа да се враќаат долговите кои СДСМ им ги остави на граѓаните како свој единствен реализиран проект – и на крај Македонија сепак да биде меѓу најмалку задолжените земји на континентот, се вели во реакцијата.

ВМРо-ДПМНЕ истакнува дека во изминатите години интензивно се гради во државата притоа посочувајќи на трите автопатишта, новите болници, училишта, градинки, студентски домови и универзитети.

– Факт е и дека минатиот месец Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја отплати еврообврзницата на СДСМ вредна 150 милиони евра. На што ги потрошија во СДСМ овие пари? Факт е дека од времето на СДСМ се останати уште 40 активни кредити кои оваа влада ги отплаќа и ќе ги отплаќа. Станува збор за 14 кредити од Светска банка, 12 кредити ИДА од Меѓународната асоцијација за развој, 3 кредити од ЕБРД, 2 кредити од Шпанија, 2 кредити од КфВ банка, кредит ИФАД од Меѓународниот фонд за земјоделие, кредит од Владата на САД, од ЕУ, од Јапонија, од ЕИБ, од Влада на Италија и од Кипар, нагласува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“