Издадени потврди на околу две илјади мигранти во изминатите 24 часа

Од:

Во изминатите 24 часа на 2.292 мигранти им се издадени потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на правото на азил.

Од нив, 852 се мажи, 513 жени и 927 деца придружувани од носителот на потврдата.

Најбројни се државјаните на Сирија – 1243, по што следуваат Авганистан – 671 и Ирак – 378.

До Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од почетокот на годинава до вчерашниот ден издадени се потврди на вкупно 52.503 странски државјани, од кои 21.732 се од машки пол, 11.314 се од женски и 19.355 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 102 дете кои патуваат без родител.

Според државјанството, најбројни се државјаните на Сирија-26.193, Авганистан-16.543 и Ирак-9.764.

Во овој период до Секторот за азил поднесени се шест барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда на шест малолетни лица од кои пет од Авганистан и две од Сирија.

Би можело да ве интересира

Грција ќе ги суспендира барањата за азил од луѓе што доаѓаат од Северна Африка за три месеци

Трамп нареди проширување на мерките за притвор и депортација на мигрантите

Германската влада ги затвора вратите за мигрантите

Голема пресметка на банди во близина на Сараево, шестмина се повредени

Горан Наумовски

Нелегалните мигранти пукаа врз полицијата во близина на Шид, еден мигрант е убиен

Горан Наумовски

Пронајдени двајца мртви мажи во Суботица, истражителите се сомневаат дека се работи за пресметка