Кај бензинската пумпа во Демир Капија во возило пронајдени мигранти, возачот побегнал

Од:

На автопатот Гевгелија-Скопје, кај бензинската пумпа во Демир Капија, вчера во еден часот по полноќ полицијата во патничко моторно возило „Мазда 323“ открила осум илегални мигранти од Иран.

Како што соопшти денеска МВР, полициски службеници се обиделе да ја сопрат „Маздата 323“, но возилото не застанало. Тргнале по него и  на околу 500 метри од местото на запирање го пронашле возилото, а возачот успеал да избега. Од извршениот преглед на возилото биле откриени осум илегални мигранти од Иран.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти

ВИДЕО: Момче од Мароко низ солзи го молеше шпанскиот војник да не го враќа назад

Предраг Петровиќ

67 мигранти загинаа во хаосот во Сеута

А1он

Вивас: Околу 60.000 мигранти дојдоа во шпанската енклава, а 34 загинаа

Горан Наумовски