Димовски: СДСМ ја суспендираше работата на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето

Од:

Суспендирањето на работата на досегашната Анкетна комисија од страна на Петре Шилегов и СДСМ е очигледен обид да креираат причина повеќе за да избегаат од избори, изјави денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

Димовски ова го изјави откако Шилегов, кој е претседател на Анкетната за скандалот со прислушувањето денеска на прес-конференција ја прогласи за неуспешна работата на оваа Комисија.

– Среќа е тоа што целата македонска јавност, но и меѓународната јавност веќе ги прочита тактиките и блефирањата на СДСМ во насока на нивната желба да избегаат од веќе договорените и изгласани со закон предвремени парламентарни избори на 24-ти април оваа година, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него сите постапки кои Шилегов и СДСМ ги направиле со Анкетната комисија оделе во насока да се суспендира Анкетната комисија заради тоа очигледно има нешто да сокрие од сите овие афери со подземје, со прислушкување, со подметнување, со манипулации, е СДСМ.

– Да потсетам, дека следен кој што требаше да даде изјава пред Анкетната комисија во момент кога Шилегов ја укина Анкетната комисија беше Зоран Заев. Зошто беше суспендирана Анкетната комисија, за да не дојде ситуација пратениците во Собранието на Република Македонија да му постават десетици и десетици прашања на Зоран Заев. Со кого тој соработувал, како ги добил снимките, какви ветувања давал на домашни и меѓународни фактори, која му била целта, колку материјали има, дали се сите предадени, дали не се сите предадени, каде ги чувал во меѓувреме, каде се одвивале средбите со разни фактори за кои што се зборува во јавноста, изјави Димовски.

Од тие причини, потенцира тој, јасно беше дека целта на Шилегов и СДСМ беше оваа Анкетна комисија да не ја заврши работата. Димовски потсети дека иако Шилегов имал обврска да свика седница тоа не го сторил.

– Тој не само што не го направи тоа дека информациите што ги добил во име на Анкетната комисија и ден денеска ги крие и не ги доставил до членовите на Анкетната комисија. Сите постапки што беа преземени од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ беа во согласност со Деловникот за работа на Анкетната комисија, изјави Димовски. Крајната цел на оваа Комисија, според него, не беше театар туку да ги утврди причините и како настанала целата афера и да изготви препораки како да не ни случи ваква ситуација.

Според Димовски во меѓувреме се појавил скандалот со „Фабриката за лични карти“, која, како што кажа, произведувала фалсификувани лични карти, македонски, бугарски и турски пасоши и каде се чувале над 70 илјади снимки од разговори за кои што допрва треба да се утврди како стигнале до таа фабрика.

– Кај себе таа фабрика чувала панцири, избирачки список со конкретни податоци на граѓаните таков каков што ниту една политичка партија или ниту еден поединец надвор од Државната изборна комисија и Министерството за внатрешни работи не смеат да имаат, случајно или не, со матични броеви на граѓани од Општина Центар, поседувала 120 илјади украдени идентитети и така натаму, рече Димовски.
Таа фабрика, додаде тој, имала за цел да креира хаос во државата и да наметнува обвинувања на другата страна.

Во однос на преговорите за Избирачкиот список и медиумите, Димовски рече дека СДСМ покажала со својот последен став од вчера дека немаат никаков проблем со Избирачкиот список.

– Ако СДСМ ја прифаќа Методологијата за прочистување на Избиракиот список на ДИК, тогаш тоа прашање е затворено. Околу медиумите има повеќе предлози. Се што оди во насока на исполнување на европски стандарди и се што го има во европското законодавство за нас е предмет на разговор и е можно да се постигне договор, изјави Димовски потсетувајќи дека претходно Методологијата била прифатена и од страна на трите други партии.

Три години, потенцира тој, ја малтертираат оваа држава со тврдење дека Избирачкиот список е причина и начин како се фалсификуваат избори и како се злоупотребува власт, и денеска велат Избирачкиот список е супер само вие дајте ни да ги контролираме медиумите. – Не ви личи тоа на зелен пазар, праша Димовски.

Во врска со предлогот на белгискиот посредник, Димовски рече дека е добро Ванхауте да отиде во Брисел и да објасни зошто за него е неприфатлив ставот на ВМРО-ДПМНЕ во Македонија да копираме и да изгласаме кој било закон за медиуми којшто постои во ЕУ.

– Експерименти не е добро да прифаќаме, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Димовски, и претставник на партијата во Работната група.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот