(ВИДЕО) Заев во Арачиново и Гази Баба: Отстапки нема без прочистен избирачки список и слободни медиуми

Од:

„Во населбата Камник во општината Гази Баба, граѓаните не можат да си ги легализираат куќите. Низ населбата се оди по скршени тротоари и се вози по улици полни со дупки на асфалтот, во темнина.

Живееме во Скопје изолирани од светот, ништо што ни вети власта не исполни, се тресеме дека и куќите во кои живееме, наследени од нашите дедо и прадедо може да ги загубиме иако имаме документи – со овие зборови го пречекаа жителите на Камник претседателот Зоран Заев, желни да ја споделат својата мака и да слушнат дека може да биде поинаку“, се вели во соопштението на СДСМ.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев беше во посета на повеќе делови од општина Гази Баба и во Арачиново, придружуван од членката на Извршниот одбор на СДСМ, Тања Ковачев и претседателот на Надзорниот одбор на СДСМ, Миќи Вуиќ.

-Нема проблем што не може да се реши, ако за власта приоритет се проблемите на граѓаните, а не милионите евра народни пари, рече претседателот Заев.

zaevGazibaba (3)

„Тој им посочи примери како решава вакви проблеми во општината што тој ја раководи, Струмица, којашто е најуспешната општина во Република Македонија, иако ја нема поддршката на централната власт.

Жителите на Гази Баба како да не живеат во 21 век, ако се суди по елементарните цивилизациските услови што тука ги нема.

Ништо поразлично не е и во Арачиново. Од два споменика да се откажеа, ќе направеа една главна и една споредна улица и ќе го решеа проблемот за 20 години, велат луѓето“, соопштуваат од СДСМ.

zaevGazibaba (2)

-Децата се деца и овде и во Центар. Груевски и Ахмети ги делат луѓето со нивен наводен национализам, а се поддржуваат во власта и бизнисите, рече претседателот Заев кој повика на засилување на едниството против расипничката власт.

„Следуваше големо УА кога беа споменати имињата на Никола Груевски и Али Ахмети.

Во Арачиново и Сингелиќ претседателот Заев и преставниците на СДСМ пиеја чај, во Хиподром се видоа со млади, во Црешево имаа средба со нови членови на СДСМ, во Автокоманда со граѓани кои сакаа да ја дадат својата поддршка на политиките на партијата.

Граѓаните на сите средби покажаа дека се целосно информирани за политичката ситуација во земјата и свесни за задолжувањата што ги прави власта. Тие побараа СДСМ да не отстапи од целосна реализација на Договорот од Пржино и фер избори на коишто ќе учествуваат сите партии“, пишува во соопштението на СДСМ.

zaevGazibaba (1)

-Избирачкиот список мора да се прочисти и мора да се обезбеди медиумски простор за опозицијата и демократската јавност. Отстаки нема, регуларни избори мора да има, а ова зло ќе замине, порача претседателот Зоран Заев на сердбите со граѓаните од Гази Баба и Арачиново.

„Пораката што ја доби од граѓаните претседателот Заев е дека тие во него ја гледаат својата иднина и иднината на државата“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска