Претседателот на Судан, Омар ал Башир нареди вчера отворање на границата на неговата земја со Јужен Судан, прв пат од отцепувањето на Јужен Судан во 2011 година.
– Претседателот Омар ал Башир издаде указ, со кој наредува отварање на границата со Јужен Судан и им нареди на надлежните органи да ги преземат сите неопходни мерки за спроведување на таа одлука, се наведува во соопштението, кое го пренесоа државните медиуми.
Границата беше затворена во 2011 година, кога Јужен Судан се отцепи по граѓанската војна.
Во Јужен Судан останаа три четвртини од суданските нафтени резервви, проценети на пет милијарди барели.