А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Издадени потврди на 2.908 мигранти

by А1он27/01/2016 - 11:0227/01/2016 - 11:06121
Share0

Во последните 24 часа издадени се потврди на вкупно 2.908странски државјани, од кои 1.111се од машки пол, 651 се од женски  и  1.146 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Добивај вести на вибер

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 1.556, Авганистан – 820  и Ирак – 532.

Во периодот од 00,00 часот на 1 јануари 2016 до 24,00 часот на 26 јануари 2016 година, издадени  се потврди на вкупно 46.970 странски државјани, од кои 19.558 се од машки пол, 10.137 се од женски и 17.174 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 101 дете кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-23.752, Авганистан-14.586 и Ирак-8.629.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 26 јануари 2016 година, до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Во периодот од 00,00 часот на 1 јануари 2016 година до 24,00 часот на 26 јануари 2016 година, до Секторот  за азил поднесени се пет барањаза признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на шест малолетни лица од кои пет од Авганистан и едно од Сирија.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 26 јануари 2016 година евидентирани се вкупно 21 баратели на азил од кои 18 мажи, една жена и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, четири малолетни лица без придружба на старател  се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

migranti

Би можело да ве интересира

Турски државјанин шверцуваше мигранти со возило

Горан Наумовски03/03/2026 - 10:07

Шест мигранти затекнати во автомобил, возачот заврши во полициска станица

Горан Наумовски24/02/2026 - 09:2724/02/2026 - 09:42

Србин фатен со мигранти на автопатот кај Гевгелија

Горан Наумовски23/02/2026 - 11:14

ВИДЕО: Трагедија во Грција: 15 мигранти загинаа во судар на чамец и патролен брод

Катерина Ѓуровски04/02/2026 - 09:15

Левица: ДПМНЕ со увоз на евтина работна сила ја блокира борбата за повисока минимална плата

Предраг Петровиќ18/01/2026 - 14:4718/01/2026 - 14:49

Седум големи магацини во САД ќе се таканаречени центри за подготовка за депортација на 80.000 мигранти

Горан Наумовски25/12/2025 - 14:4425/12/2025 - 14:44
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен