ФФМ закажа Генерално собрание на 5 март во Скопје

Од:

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на 5 март ќе одржи редовно Генерално собрание. Ова е одлуката на денешната седница на Управниот одбор на ФФМ на која одборниците решија собранието да се одржи во Скопје.

Воедно, Управниот одбор на ФФМ, ја констатираше оставката на селекторот на футсал репрезентацијата на Македонија, Васко Скендеровски.

Како што се наведува во краткото соопштение на официјалната веб страница на федерацијата, причините за повлекувањето на досегашниот предводник Скендеровски се од лична природа и поради презафатеност со повеќе професионални ангажмани.

Би можело да ве интересира

УО на ФФМ закажа Изборно Собрание на 22 декември, Масар Омерагиќ ќе го наследи Муамед Сејдини?

Горан Наумовски

Превирања во ФФМ: Членови на Управниот одбор бараат итна седница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Нападот на Сејдини е без преседан, тој е истакната спортска личност и првиот Албанец на чело на ФФМ

Горан Наумовски

ФФМ: Длабоко сме загрижени и го осудуваме националистичкo скандирањe на Мирлинд Даку

Горан Наумовски

Седум клубови во македонскиот фудбал под истрага за местење на натпревари

A1on

ФФМ донесе одлука: Шкендија доби службена победа, а стадионот „Чаир“ доби суспензија