Одлично одат со филџан кафе или чаша ароматичен чај …
Потребно е:
250 мл масло
170 гр шеќер
100 мл млеко
1 бурбон ванилин шеќер
неколку капки ванила арома
4 јајца
300 гр брашно
1 1/4 лажиче прашок за пециво
на врв на нож сода бикарбона
3 лажици какао
80 гр чоколадо
изрендана кора од портокал
за чоколадниот прелив:
200 мл млеко
80-100 гр чоколадо
Подготовка:
– Рерната загрејте ја на 180 целзиусови степени.
– Чоколадото растопете го на пареа.
– Во еден сад изматете ги млекото, јајцата, маслото, бурбон ванилиниот шеќер и шеќерот. Смесата поделете ја во два сада.
– Измешајте ги брашното и прашокот за пециво и сода бикарбоната.
– Во едната смеса додадете 170 гр брашно и убаво изматете со маталка. Додадете ја и изренданата кора од портокал. Оваа смеса ќе остане светла.
– Во другата смеса додадете го растопеното чоколадо, 130 гр брашно и какао. Оваа смеса ќе биде темна.
– Во силиконски калапи за мафини или обични ако имате такви, само убаво намастете ги, сипете ги наизменично двете смеси.
– Ставете ги да се печат во загреана рерна околу 20 минути.
– За тоа време подгответе го чоколадниот прелив. Во сад на рингла ставете ги чоколадото и млекото и оставете да почне да врие. Варете неколку минути со постојано мешање додека ја добиете саканата густина. Оставете малку да се излади.
– Со изладениот прелив прелијте ги печените мафини и послужете.