ЕУ го потсети Груевски дека Катица Јанева е избрана со негов потпис

Од:

Мисијата на Европската унија во Скопје по вчерашниот говор на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, испрати порака преку својот твитер-прифил во која дискретно го потсетува порнешниот премиер дека неговиот потпис стои на изборот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и на Договорот од Пржино.

– Сите потписници на Договорот од Пржино треба да ја поддржат работата на Специјалното јавно обвинителство и на работните групи во кои учествуваат четирите партии“, напишаа од Делегацијата на ЕУ на Твитер.

Вчера, Груевски на годишнината од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека “ќе помине долго време пред на некој политичар да му падне на ум да се обидува на власт да доаѓа со голема измама, со соработка со странски разузнавачки служби, со соработка со криминалци, со фалсификатори, Чауши, Ванхојтовци, Катици и со продавачи на магла на типови чија главна цел е да ги изрекетираат бизнисмените во нивниот град“.

Би можело да ве интересира

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

A1on