Ако ја сакате комбинација на јаболки и цимет тогаш оваа комбинација сигурно ќе ви се допадне …
Потребно е:
200 гр брашно
140 гр шеќер
1 лажиче цимет
2 лажичиња прашок за пециво
малку сол
1/3 чаша (од 200 мл) масло
1 јајце
1/2 чаша полномасно млеко
1 јаболко, изрендано
1 јаболко, исецкано на коцкички
за посипување:
1/2 часа ситни овесни снегулки
2-3 лажици кафеав шеќер
1 лажиче цимет
2-3 лажици путер
Подготовка:
– Во еден сад измешајте ги брашното, шеќерот, солта и прашокот за пециво.
– Во друг сад изматете ги маслото, млекото и јајцата. Полека додадете ја оваа смеса кај сувите состојки и мешајте со дрвена лажица.
– Додадете го изренданото јаболко, а потоа и јаболкото исецкано на коцки и измешајте.
– Со горната смеса наполнете ги книжните корпички 1/3 од волуменот.
– Подгответе ја смесата за посипување. Измешајте ги овесните снегулки, шеќерот и циметот и додадете го путерот исецкан на коцки. Со раце замесете ја смесата додека да добиете трошки. Овие трошки посипете ги над смесата во корпичките.
– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени 20-25 минути.